Веќе извесно време знаеме дека Apple подготвува iPhone без SIM картичка, а според информациите тоа би можело да се случи наскоро.
Половина од оваа мисија на компанијата од Купертино е веќе остварена, бидејќи Apple досега издаде iPhone со поддршка за eSIM. Следниот природен чекор е целосно отфрлање на физичката SIM.
Според Тони Фадел, кој важи за татко на iPod-от, ова би бил сосема јасен потег на компанијата. Тоа е затоа што првично беше планирано iPhone да нема слот за SIM картичка, а ова беше идејата на Стив Џобс.
Фадел истакнува дека Џобс сакал да го пушти iPhone само со CDMA, што подоцна се случило преку мрежата на Verizon. Фадел вели дека за ова разговарал со Џобс, нагласувајќи дека најавата за ваков уред нема да има никаква смисла, со оглед на послабото прифаќање на CDMA.
Со други зборови, Фадел веруваше (и беше во право) дека лошото прифаќање на CDMA ќе го спречи iPhone да стане голем хит и популарен како што е сега.
Сега се верува дека Apple планира iPhone без слот за SIM за 2022 година, иако постои можност компанијата да не ја спроведе целосно оваа стратегија. Може да се испорача само еден iPhone без поддршка за SIM, а во текот на 2023 година би се проширил на сите модели.