Компанијата Xiaomi ја претстави Redmi Note 10 линијата смартфони што е исклучително популарна во Индија, но и надвор од неа.

Според досегашната традиција, Redmi Note телефоните од серијата 10 донесуваат одлични спецификации по многу достапни цени.

Најголема атракција секако е Note 10 Pro, а достапни се и Note 10 S, Note 10 и Note 10 5G. Pro моделот доаѓа со 6.67-инчен OLED екран со 1080p резолуција и фреквенција на освежување од 120Hz.

На задниот дел на уредот се наоѓа главна камера од 108 MP, а тука се и 8MP ултраширокa, 5MP телефото камера и сензор за длабочина од 2MP. На предната страна, селфи камерата од 16MP е поставена во punch-hole отвор во средина на дисплејот.

Уредот го покренува Qualcomm Snapdragon 732 чип, а достапни се и верзии со 6 и 8GB RAM меморија и 64 и 128GB внатрешна меморија. Го напојува батерија од 5.020 mAh која поддржува 33W брзо полнење. Со помош на microSD картичка е можно да се прошири меморијата, а има и два SIM слота. Note 10 Pro има стерео звучници, сензор за отпечатоци вграден во копчето за вклучување / исклучување и влез за слушалки. Безжично полнење не е можно.

Колку Note 10 pro ќе чини на меѓународниот пазар, засега не е познато. Во Индија се продава како Redmi Note 10 Pro Max, кој со 6GB RAM и 64 GB простор за складирање чини 260 долари.