Peugeot со затемнета тизер слика потврди дека наскоро ќе претстави нова, трета генерација на моделот 408 во Кина.
Поточно, повторно се работи за седан верзија на 308, сега секако базирана на најновата генерација, пренесува Autoblog.
Новиот Peugeot 408 од јуни ќе се продава само во Кина, иако се уште не се знае со кои мотори. Актуелниот модел е достапен со 1,2 и 1,6 турбо бензинци (со 136 КС и 170 КС, соодветно), а достапен е и 6-брзински автоматски менувач.
Не се познати ниту димензиите на новиот 408, па еве потсетување дека актуелниот модел и понатаму е долг 4750 mm, широк 1820 mm, висок 1488 mm и има меѓуоскино растојание од 2730 mm.
Во меѓувреме, некои кинески сајтови објавија неколку слики од новиот 408 без никаква маска, вклучително и една слика која ја прикажува внатрешноста (што е нешто поедноставно од новиот хечбек 308).