Ако некогаш сте сакале да знаете колку е издржлив Steam Deck, сега можете тоа да го видите благодарение на Zak од YouTube каналот JerryRigEverything, кој го подложи уредот на неговите необични тестови за издржливост.
Моделот Steam Deck од 512 GB се најде на екстремен тест за издржливост, кој вклучува тест за гребење, палење, отпорност на свиткување и ни дава увид во физичките карактеристики на уредот.
Екранот Steam Deck е изгребан од шестото ниво на скалата на Мос, со подлабоки засеци од седмото ниво. Зак Нелсон ни покажува дека е потребна значителна сила за да се оштети „anti-glare“стаклото, иако абразивната обвивка може да го отежне површинското оштетување.
Со оглед на тоа што е изработен од пластика, јасно се гледаат трагите од сечилото на пенкалото, но на играчите ќе им значи дека ознаките на копчињата се издржливи и веројатно ќе помине многу време пред да се „излижат“.
Екранот исто така одолеа на сите обиди да се скрши со свиткување, и на предната и на задната страна. Сè на сè, Steam Deck се покажа како пристојно издржлив уред.