Во текот на септември 2021 година, се појавија информации дека Google подготвува два телефони со флексибилни екрани. Иако ниту еден од нив се уште не е објавен, сега се појавија нови детали.
Дојавувачот Рос Јанг сугерира дека барем еден флексибилен телефон на Google ќе биде во оптек до крајот на годината и ќе има главен дисплеј сличен на оној на Samsung Z Fold 4 (6,19 инчи), но со помал надворешен дисплеј од 5,8 инчи.
Z Fold 4 and Google foldable will have similar sized foldable displays, but the Google cover display will be quite a bit smaller at 5.8". This should mean it will have a wider aspect ratio than the Samsung 6.19" Fold 4. Hear more at our conference next week.
— Ross Young (@DSCCRoss) May 2, 2022
Се верува дека најавата за телефонот Google Pixel Fold во текот на четвртиот квартал би можела да биде реална, бидејќи не се очекува да има проблеми со синџирот на снабдување на дисплејот за новите флексибилни телефони на Google.
Се очекува Google да посвети многу внимание на корисничкото искуство и интерфејсот на флексибилните екрани, со подобра интеграција на апликациите со Android и „multi-size display“ функциите.
Поврзани артикли