Samsung активно работи на наследникот на паметниот часовник Gear S3, кој се развива со кодно име „Galileo“. Уредот ќе биде претставен пред крајот на овој квартал и се очекува тоа да се случи заедно со Galaxy Note 9. Потсетуваме дека смартфонот ќе биде прикажан за прв пат на 9 август. На интернет беше објавена нова информација која открива дека Samsung Gear S4 ќе понуди подолг живот на батеријата, во однос на својот претходник.

Корејскиот производител има намера да користи помоќна батерија со полнеж од 470mAh во новиот паметен часовник, што претставува зголемување од 24% во однос Gear S3, информира SamMobile. Засега техничките спецификации остануваат мистериозни. Големо прашање е дали паметниот часовник ќе работи под управување на Wear OS или наместо тоа Samsung ќе се потпре на сопствената платформа Tizen OS. Дизајнот на Gear S4 едвај ќе биде различен од оној на претходната генерација на уредот.

Корисниците ќе можат да избираат помеѓу верзии со LTE и Wi-Fi. Долгиот живот на батеријата отсекогаш била карактеристична особина на Gear S серијата и се чини дека новиот модел ќе ја продолжи оваа традиција. Останува само да се разбере кога и по која цена ќе стартува продажбата на уредот на европскиот пазар. По се изгледа дека корисниците ќе имаат повеќе можности за избор на паметни часовници во последните месеци на годината.