Apple мора да плати нешто повеќе од илјада долари на клиент бидејќи не испорачал полнач со новиот iPhone. Судот во Бразил пресуди дека компанијата мора да биде одговорна за продажба на уреди без полначи.
Судот заклучил дека праксата на компанијата всушност бара од купувачот да купи два посебни артикли за да може еден од нив да функционира правилно и тоа го нарекоа „незаконска деловна практика“.
Затоа на Apple му беше наложено да му плати на купувачот 5.000 бразилски реали (1.081 долари) и да му достави полнач. Apple има рок од 10 дена да го направи тоа, во спротивно ќе мора да плати дополнителна казна.
Apple престана да испорачува адаптери за своите уреди во 2020 година, а бразилската влада за тоа ја казни компанијата со два милиони долари. Компанијата се обиде да го оправда со „грижа за животната средина“.
„Не е соодветно со таква мерка да се настојува да се намали влијанието врз животната средина, бидејќи, според сите докази, обвинетиот продолжува да произведува толку важен додаток за уредот, но сега го продава одделно“, заклучи судот.
Поврзани артикли