Научниците од ЦЕРН оваа недела ќе лансираат голем хадронски судирач (LHC) долг 27 километри, лоциран под земја на француско-швајцарската граница. Благодарение на оваа машина е пронајдена честичката на Хигсовиот бозон.
Ова ќе биде прво лансирање на LHC откако беше исклучен поради одржување и надградба. Рестартирањето беше одложено поради Ковид-19.
Палењето на CERN е сложен процес и научниците секогаш држат при рака шишиња шампањ ако сè оди според планот. Потенцијалните проблеми може да настанат поради собирањето на материјалот кога се случува ненадејна промена на температурата од 300 степени или во работата на илјадници магнети кои држат милијарди честички во цврст сноп додека кружат околу тунелот.
Серијата судири на LHC забележани во ЦЕРН помеѓу 2010-2013 година донесе доказ за постоењето на долго бараната честичка на Хигсовиот бозон, која, заедно со нејзиното поврзано енергетско поле, се смета дека била пресудата за формирањето на универзумот по Големата експлозија пред 13,7 милијарди години.
Физичарите се надеваат дека продолжувањето на судирот ќе помогне во нивната потрага по таканаречената „темна материја“ која е надвор од видливиот универзум. Се смета дека темната материја е пет пати пораспространета од обичната материја, но таа не апсорбира, рефлектира или емитува светлина. Досегашната потрага не даде резултати.