SpaceX и NASA се во завршна фаза на подготовка за испраќање екипаж на Меѓународната вселенска станица.

Станува збор за мисијата Crew-4, која ќе биде лансирана на 23 април, а вклучува испраќање на четворица астронаути во орбитата. Екипажот ќе биде сместен во капсула Crew Dragon поставена на врвот на ракетата Falcon 9 на SpaceX, а лансирањето ќе се врши од вселенскиот центар Кенеди од лансирната рампа 39А.

ISS ќе биде преполна бидејќи екипажот на мисиите Ax-1 и Crew-3 се уште се во вселенската станица.

Екипажот Crew-4 на 15 април изврши седумчасовен тест за подготвеност и немаше поголеми проблеми и речиси е подготвен за летање. Утврдени се само помали проблеми кои наскоро ќе бидат решени.

Екипажот на Crew-4 ќе патува со новата капсула Crew Dragon наречена Freedom, направена од SpaceX. Тоа ќе биде и последната капсула за компанијата, бидејќи фокусот е префрлен на развојот на ракетата Starship, која ќе се користи за мисии на Марс.

Екипажот Crew-4 го сочинуваат Џесика Воткинс, Роберт Хајнс, Кјел Линдгрен и Саманта Кристофорети од Европската вселенска агенција.

Ова ќе биде шести пат SpaceX да испрати екипаж на ISS.

Екипажот на мисијата Ax-1 веќе требаше да се врати од ISS, но враќањето беше одложено за вторник поради лошите временски услови. Сè уште има астронаути и од мисијата Crew-3 на ISS кои се враќаат на Земјата кон крајот на април.