Благодарение на новиот 4.0 patch, популарната игра Battlefield ја доби опцијата за гласовен чат.

Од денес, компанијата DICE и Electronic Arts на гејмерите ќе им овозможат важна и долгоочекувана можност, а тоа е гласовен разговор во играта.

Сепак, VoIP функцијата нема да работи во целиот тим, туку само во одредите кои можат да имаат до четири члена. Бидејќи тимовите можат да имаат до 64 играчи, гласовниот разговор за сите нив може да направи хаос. Сепак, функцијата за гласовен разговор базирана на близина секако би била корисна.

И додека играчите на Battlefield 2042 можат да користат функции како party chat интегрирани во конзолата или услуги од трети страни како Discord, досега не можеа да разговараат со соиграчи кои не ги познаваат.

За ваква игра, тоа е голем пропуст, но позитивната работа е што DICE и EA конечно работат на тоа.

Новиот patch исто така носи промени на мапата, поправени се баговите и модификациите на некои функции. Следниот patch се очекува во мај, а потоа ќе се поправат повеќе багови и ќе се воведат нови промени за подобрување на квалитетот на играта.

Battlefield 2042 ја одложи својата прва сезона, која треба да започне ова лето.