Брендот Redmi објави неколку детали за својот нов гејмерски смартфон.

Redmi ќе го претстави новиот смартфон кој е наменет за гејмери на 27 април. Официјалното име на уредот ќе биде Xiaomi Redmi K40 Game Enhanced Vision.

Новиот уред има поинаков дизајн на камерите, има две големи леќи, но има и трета голема камера во средината.  Околу камерата ќе има LED прстени кои ќе светат кога ќе биде активен Game Mode.

Овој мод ќе се активира со помош на физичко копче кое е позиционирано до прекинувачот за камерата. Тоа веројатно значи дека копчињата за контрола на јачината на гласност ќе бидат преместени на левата страна, но не треба да биде изненадување ни доколку сите копчиња бидат на иста страна.

 

Извор: Klix.ba