Deus Vayanne ја имаше својата премиера на саемот за автомобили во Њујорк.
За разлика од некои други стартап компании кои остануваат на 3D моделот и даваат големи ветувања, Deus Vayanne навистина постои. Deus Automobiles е основана во 2020 година, а веќе имаат готов хиперспортски автомобил. И тоа каков!
Станува збор за електричен автомобил со егзотичен изглед, за кој велат дека е „дизајнерски јазик на симетрија и бесконечност“. Сепак, возењето е уште поголемо изненадување. Автомобилот поставува нови стандарди во индустријата со својата максимална моќност.
Автомобилот има максимална моќност од над 2.230 КС.
Познати се и перформансите, па така Vayanne достигнува 100 km/h за 1,99 секунди, додека максималната брзина е 400 km/h.
Не е позната автономијата на возењето, ниту карактеристиките на батеријата.
Доколку се сомневате во овој автомобил и неговите можности, Deus Automobiles потсетува дека многу реномирани имиња од автомобилската индустрија работат на неговиот развој.
Тука е Italdesign, но и Williams Advanced Engineering, кој има големо искуство во Формула 1.
Цената е непозната, а планирана е изработка на 99 примероци.
Првите испораки започнуваат во 2025 година.