Порталот Scrap Car Comparison спроведе истражување за тоа – какви автомобили најчесто возат „психопатите“, односно силеџиите – себични, самоуверени и арогантни возачи кои не се грижат за другите учесници во сообраќајот? Истражувањето спроведено на околу 2.000 британски возачи успеа да го дефинира идеалниот автомобил за „просечниот психопат“.

Така, омилениот бренд на силеџијата е – BMW. Како што Американците со Mustang важат за такви што сакаат да се фалат со возење и да завршат со искршен автомобил, така во Европа се добива впечаток дека возачите на BMW се крајно груби, агресивни и арогантни кон другите учесници во сообраќајот. И, често ги прекршуваат сообраќајните правила. Следи листата на бодување според марката што силеџииите ја возат…

Бренд – бодови

BMW – 12,1,
Audi – 11,7,
Fiat – 7,
Mazda – 6,4,
Honda – 6,3,
Ford – 6,1,
Mercedes-Benz – 5,9,
Citroen – 5,8,
Volkswagen – 5,4,
Hyundai – 5,3,
Renault – 5,3,
Volvo – 5,2,
Nissan – 5,
Peugeot – 4,8,
Toyota – 4,7,
Opel – 4,7,
СЕАТ – 4,3,
Kia – 4,2,

Skoda – 3,2,

Друго – 5,3 .

Ако зборуваме за бојата на автомобилот, највисоката оценка – 12,7 поени, има златната боја, а кафената боја освои 12,2 поени. На самото дно се сребреното, со 5,5 и црвеното со 4,9 поени.

Испитувањето вели дека оние со персонализирани регистарски таблички имаат речиси трипати поголема подложност на „психопатско однесување“ од оние со стандардни таблички. Првите имаат 13,8 поени наспроти 5,3 поени на оние со нормални регистрации.