YouTube имаше проблеми со својата почетна страница доцна синоќа и рано утринава, но проблемите сега се решени.

Панелот од страна, кој обезбедува пристап до различни елементи, како што се линкови до каналите на кои сте се претплатиле, видеа во трендинг, библиотека со историја на пребарување и други опции, исчезна. Проблемот постоел на страницата неколку часа, велат корисниците на Твитер.

Покрај тоа, некои корисници имаа проблеми со репродукција на видеа на YouTube на нивните телевизори, како и стриминг на нивните гејмерски конзоли.

Менито со налози, кое ви овозможува да менувате сметки, да управувате со поставките и да го гледате вашиот сопствен канал, исто така имаше проблем. Корисниците сè уште можеа да гледаат видео содржини од почетната страница и од пребарувањето.

Компанијата посочи дека е запознаена со проблемите кои се појавија и работи на корекции.

Околу два часа по полноќ, според наше време, YouTube посочи дека проблемот е решен и дека корисниците треба повторно да имаат пристап до страницата, за да можат да се префрлаат помеѓу сметките и да се движат низ сите делови на страницата.