Производителите на телефони досега беа успешни во проширувањето на дисплеите до рабовите, но не сите беа успешни во имплементацијата на технологии што ја кријат предната камера.
Иако производителите на Android телефони со години го отфрлаат предниот изрез и користат „punch-hole“ дисплеи, iPhone сè уште има широк рез поради користениот хардвер на камерата.
Сепак, Apple неодамна одобри патент, кој конечно би можел да ни овозможи да го видиме iPhone без исечок на екранот. Споменатиот патент опишува елиминација на изрезот и репозиционирањето на системите за TrueDepth камера зад дисплејот на телефонот.
Има илустрации и скици, кои ја покажуваат разликата помеѓу сегашниот систем на камера во изрезот и системот што ќе им овозможи на камерите да бидат скриени во идниот дизајн.
Повеќе детали од споменатиот патент се достапни на овој линк.
Поврзани артикли