Играта Kingdom Hearts IV е официјално во подготовка. Square Enix ја објави следната сага во рамките на франшизата за време на настан во Јапонија, односно за време на прославата на 20-годишнината од серијата.

Играта е некако изненадувачки најавена, а објавен е и трејлер за Kingdom Hearts IV, како и за Kingdom Hearts Missing-Link, која е нова мобилна игра од серијалот.

Очигледно е дека дизајнот и уметничката презентација овојпат изгледаат многу пореалистично. Square Enix исто така истакнува дека трејлерот содржи материјал од игра која сè уште е во развој и може да биде предмет на промена.

Во соопштението, компанијата истакнува дека играта Kingdom Hearts IV се одвива во градот Quadratum, а ни беше претставен новиот лик наречен Strelitzia.

Засега нема информации за датумот кога ќе бидат објавени Kingdom Hearts IV. Познато е дека Kingdom Hearts Missing-Link ќе биде достапна во август во затворена бета верзија за Android и iOS платформи.