WhatsApp има нова опција и носи ново „олеснување“ во испраќањето пораки.
WhatsApp сè уште нема едноставен начин за комуникација со броеви кои не се зачувани во вашите контакти.
Иако можете да испраќате пораки до незачувани контакти, целиот процес може да биде многу поедноставен.
Новата бета верзија за Android покажува дека WhatsApp се обидува да го реши овој проблем.
Едноставно допирање на незачуван број во „облакот“ за разговор ќе отвори неколку опции, од кои едната ќе ви овозможи веднаш да испратите порака до тој број.
Другите опции се појавуваат кога ќе го допрете овој незачуван број, ќе се појави „Повикај“ или „Додај во контакти“.
Новата имплементација сè уште не е совршена.
Главното ограничување е дека овие опции се можни само ако веќе постојат во разговорот.
Тоа значи дека бројот претходно морал да ви испрати порака или сте го направиле тоа вие, за да ви бидат достапни опциите, пишува „PC Press“.
Поврзани артикли