Франшизата Need For Speed можеби повеќе не е во средината на популарноста, но сепак функционира како една од најважните во жанрот.
Според се, следната игра во франшизата NFS ќе биде ексклузивна за системите од следната генерација.
Инсајдерот во индустријата Џеф Граб тврди дека Need For Speed се уште се очекува во текот на оваа година, а играта треба да пристигне во ноември.
„Ако сте љубител на Need For Speed кој ја купил конзолата од следната генерација, еве ги новостите за вас – ќе биде само за конзолата од следната генерација“, истакнува Граб.
Ова е во спротивност со првобитните и оригиналните најави од компанијата EA, кои истакнаа дека Criterion Games ќе ја развива претстојната игра и ќе биде достапна за PS4/Xbox One генерацијата на конзоли, како и за системите од следната генерација.
Недостапноста за претходните верзии на конзолите секако ќе биде разочарувачка за љубителите на франшизата кои не се во можност да ги купат најновите конзоли.
Поврзани артикли