Познатиот британски автомобилски магазин Top Gear го прогласи Rimac Nevera за најдобар спортски електричен автомобил.
„Само неколку недели откако магазинот GQ ја прогласи Nevera за хиперавтомобил на годината, Rimac Nevera беше прогласен за најдобар спортски автомобил на Top Gear Electric Awards 2022. Во име на тимот на Rimac Automobili, кој неуморно работеше на подобрување на Nevera во изминатите неколку години, тоа е огромна привилегија“, пишува во објавата на Rimac Automobili на ФБ.