Компанијата Samsung Display најави план за масовно производство на првите OLED дисплеи на 90Hz, дизајнирани исклучиво за лаптопи, пренесува The Verge.

Во изјава за Business Wire, објавија дека неколку глобални ИТ компании веќе оваа година ќе објават модели со нивните нови панели. Извршниот директор Choi Joo-sun вели дека производството во многу големи количини ќе започне во март. Samsung Display не објави детали во врска со спецификациите на панелот, но познато е дека тие ќе бидат со дијагонала од 14 инчи. Samsung наведува и побрзо време на одзив, тврдејќи дека ќе биде потполно исто како и на LCD-панелите со стапка на освежување од 120Hz.

OLED-екраните во лаптопите не се честа појава, ги нудат преносните компјутери специјализирани за игри, но поради овој факт се принудени да ја жртвуваат висока стапка на освежување. Иако Samsung минатата година го претстави Galaxy Chromebook со OLED екран, оваа година ќе доаѓа со QLED LCD. Бидејќи Samsung сè уште е еден од најголемите светски продавачи на OLED, можеби лаптопите со ваков тип на дисплеј може да станат стандардна опција.