Инстаграм често воведува нови функции и опции, а тие сега се однесуваат и на испраќањето директни пораки преку оваа платформа.
Најкорисната нова опција е брз одговор на директна порака директно од feed без потреба да се влезе во inbox и да се изгуби содржината што била во feed-oт.
Има и нови опции за споделување, како и можност за испраќање прегледи на песни и спроведување анкети во групни разговори.
Шефот на платформата Адам Мосери ја објави намерата на Инстаграм да се фокусира на директните пораки оваа година, во видео објавено на крајот на декември.
„Испраќањето пораки е еден од основните начини или пригоден начин за поврзување на луѓето на интернет. Инстаграм треба да го прифати фактот дека пораките се примарна форма на комуникација“, рече Мосари.
Preview на песните ќе нуди кратки клипови од 30 секунди благодарение на интеграцијата на музичкиот стриминг сервис на Apple и Amazon, додека поддршката за Spotify доаѓа наскоро.
Исто така, има ново мени до кое се пристапува од главниот feed на Инстаграм со долго притискање на копчето за споделување, што ви овозможува брзо да ја споделите објавата со четворица најблиски пријатели.
Другите функции ги доближуваат DM пораките на Инстаграм до она што веќе го нуди Facebook Messenger, и тоа не треба да изненадува бидејќи компанијата работи на тоа да ги направи овие две платформи за разговор вкрстено компатибилни.
Инстаграм додава слична линија на профилни фотографии на врвот на својот inbox за да покаже кои контакти се моментално онлајн.