Амазон најави нова опција за корисниците на нивната Prime услуга, која ќе обезбеди навремени информации за промотивните цени на производите кои ги интересираат.
Ако сте заинтересирани за нешто во онлајн продавницата на Амазон и не сакате да ги купите тие производи веднаш, можете да ги ставите на вашата листа на желби и да купите подоцна. Доколку не брзате да ги купите, овие производи најдобро е да се земат кога се на попуст. Тимот од Амазон сака да се погрижи корисниците да не ги пропуштат овие попусти, односно сакаат да се осигураат производите на списокот да бидат купени, па за некои од нив во иднина ќе ги информираат преку гласовниот асистент Alexa.
Оваа опција ќе биде достапна за корисниците на нивната Prime услуга во САД и ќе работи со Echo звучници – четврта генерација и понови. Амазон ќе ги следи артиклите што корисниците на Prime ги ставиле на списокот со желби или имале намера да ги купат и ќе ги извести во случај овие производи да бидат на попуст.
Тие ќе го добијат ова известување 24 часа пред попустот за да имаат време да одлучат дали ќе го купат производот, но и да имаат предност пред другите заинтересирани за истите производи.
Корисниците ќе добијат известување преку т.н светлечки прстен на звучникот. Кога звучникот ќе почне да свети, тоа е знак дека корисникот чека известување, а кога ќе сака да го слушне, Alexa ќе му ја соопшти веста за попустот на производот што го интересира. Ако сè уште се заинтересирани и сакаат да го купат тој производ, можат да и кажат на Alexa да ги потсети кога ќе започне кампањата за попуст или поедноставно, да побараат од Alexa да го нарача тој производ во нивно име.
За оние кои се заинтересирани за оваа форма на известување, прво ќе треба да ја активираат во рамките на поставките на Alexa, односно доколку не сакаат да добиваат известувања за попуст ќе можат да ги исклучат преку апликацијата.
Поврзани артикли