Итното автоматско кочење, полека станува стандарден безбедносен елемент кај современите автомобили и задолжителен дел од тестирањето на безбедноста на возилото.

Луксембуршката управа за тестирање и стандардизација (ILNAS), штотуку го тестираше тоа на автомобилите Tesla Model S и Volvo S90, пред претставниците на медиумите.

Меѓутоа, иако неговиот заштитен знак е врвната технологија, сепак Model S, не го помина овој тест, туку удри во вештачки автомобил, при брзина од 30 километри на час.

Од друга страна, Volvo S90 успеа да застане на време и при брзина од 60 километри на час.

Претставниците на Tesla не можеа да потврдат дали е тестот точен и валиден, бидејќи ILNAS не ги сподели деталите со американската компанија.

„Бидејќи не сме консултирани од страна на ILNAS и за овој тест дознавме преку медиумите, откривме врз основа на бројот за идентификација на возилото, дека тоа е произведено во 2015 година и регистрирано во компанија за изнајмување на автомобили во Германија. Ќе истражиме како е спроведен овој тест и дали е се направено како што треба“, соопштија од Tesla.

Model S од 2015 година, е опремен со првата генерација на Автопилот системот за активирање на автоматските функции на итно кочење.

Во упатствата за употреба на Model S, стои дека кочењето се користи само во случаи на итна ситуација, така што автоматски се активира кочницата, за да се избегне фронтален судир со друго возило, но возачите никогаш не треба да се потпираат на овој систем, за во секоја ситуација да ги спасува од судири.

Извор: B92.net