Intel го претстави Core i9-12900KS „Special Edition“ процесорот, за кој компанијата тврди дека е најбрз светски десктоп процесор.

Процесорот има 16 јадра, вклучувајќи осум јадра за перформанси и осум ефикасни јадра, како и 24 threads и 30NB l3 кеш. Истите спецификасции ги има и Core i9-12900K, кој моментно е актуелен.

Таму каде што Intel изврши надградба во однос на актуелниот процесор е брзината, така што Core i9-12900KS „Special Edition“ наместо 5.2GHz ќе има такт од 5,5 GHz (до две јадра) наместо 5,2 GHz, додека потрошувачката се зголемува од 125 на 150 вати.

Intel Core i9-12900KS ќе се појави на пазарот од 5 април и се очекува да чини најмалку 739 долари. Тоа е многу висока цена, дури и за процесор кој потенцијално може да ја преземе титулата најбрз во светот.

Сè додека тоа не го потврдат бенчмарк тестовите, AMD може да се пофали дека Ryzen 7 5800X3D на компанијата е најбрзиот гејмерски процесор во светот, а покрај тоа се нуди по  цена од 449 долари.