Intel го претстави Core i9-12900KS „Special Edition“ процесорот, за кој компанијата тврди дека е најбрз светски десктоп процесор.
Процесорот има 16 јадра, вклучувајќи осум јадра за перформанси и осум ефикасни јадра, како и 24 threads и 30NB l3 кеш. Истите спецификасции ги има и Core i9-12900K, кој моментно е актуелен.
Таму каде што Intel изврши надградба во однос на актуелниот процесор е брзината, така што Core i9-12900KS „Special Edition“ наместо 5.2GHz ќе има такт од 5,5 GHz (до две јадра) наместо 5,2 GHz, додека потрошувачката се зголемува од 125 на 150 вати.
Up to 5.5 GHz max turbo frequency.
16 cores (eight P-cores and eight E-cores) and 24 threads.#12thGen #IntelCore i9-12900KS launches as the world’s fastest desktop processor. Learn more ⬇️ https://t.co/LZnlyqks7w
— Intel News (@intelnews) March 28, 2022
Intel Core i9-12900KS ќе се појави на пазарот од 5 април и се очекува да чини најмалку 739 долари. Тоа е многу висока цена, дури и за процесор кој потенцијално може да ја преземе титулата најбрз во светот.
Сè додека тоа не го потврдат бенчмарк тестовите, AMD може да се пофали дека Ryzen 7 5800X3D на компанијата е најбрзиот гејмерски процесор во светот, а покрај тоа се нуди по цена од 449 долари.