Креаторот на GIF-от, Стивен Вилхајт почина минатата недела од компликации поврзани со коронавирусот. Вилхајт почина на 74-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Кејтлин за The Verge.
Вилхајт работеше на GIF или Graphics Interchange Format, кој сега се користи за реакции, пораки и шеги. Тој беше вработен во Compuserve во 80-тите и се пензионираше во раните 2000-ти години. Времето го поминувал патувајќи, кампувајќи и правејќи модели на воз во неговиот подрум.
Иако гифовите деновиве се синоним за анимирани интернет-мимови, тоа не е причината зошто Вилхајт го создал овој формат.
GIF настана во доцните 80-ти како начин за дистрибуција на „графики со висок квалитет и висока резолуција“ во боја во време кога брзината на интернетот беше многу побавна отколку денес.
„GIF-от го измисли потполно сам, го направи дома и го однесе на работа откако го усоврши. Сè смислуваше приватно, во својата глава, а потоа програмираше на својот компјутер“, изјави сопругата Кетлин. Вилхајт ја доби и наградата за животно дело на Webby токму за креирањето на GIF-от.
Поврзани артикли