Продавницата, која ќе нуди руски апликации и софтвер, ќе биде креирана на Android платформата.
Ова е планот на Русија за надминување на проблемите кои настанаа по воената акција против Украина и бројните санкции наметнати на оваа земја во ИТ светот. Меѓу нив е и неможноста за користење на Google Play Store.
Покрај тоа, креирањето на сопствена продавница за апликации за руските корисници ќе ги елеминира ризиците кои можат да ги создадат апликациите од Play Store. Засега нема планови за создавање на иста продавница за корисниците на Apple и iOS платформата.
„Јасно е дека имаме можност да ја креираме нашата продавница за апликации на Андроид платформата, поради отвореноста и флексибилноста на системот. Овој проект веќе е започнат во неколку компании“, вели Максут Шадаев – раководител на Министерството за дигитален развој во Русија.
Тој претходно истакна дека објавувањето на продавницата на руски софтверски производи е планирано за мај годинава. Првично беше планирано да биде објавена на крајот на годината, но поради ескалацијата на ситуацијата и бројните санкции, процесот морал да се забрза.
Дополнително, ИТ експерти од Русија посочуваат дека е малку веројатно дека сите апликации за Android и iOS ќе бидат блокирани во Русија. Некои апликации може да се отстранат без можност за нивно преземање. Експертите препорачуваат корисниците да ги зачувуваат своите податоци на алтернативни уреди и клауд сервиси.
Поврзани артикли