Vivo Y53 е објавен во 2017 година, а сега компанијата го издаде Vivo Y53s 5G моделот на кинескиот пазар и најверојатно се работи за наследник на минатогодишниот Y52s телефон .

Vivo Y53s 5G има 6.58 инчен 90Hz FHD+ IPS LCD екран и го покренува Snapdragon 480 5G чипсет. На располагање се 8 GB RAM меморија и 256 GB простор за складирање. На задната страна има две камери, со главна камера од 64MP и макро сензор кој поддржува фокус од 4 см.

На предната страна има селфи камера од 8MP. Сензорот за отпечатоци се наоѓа на страната на рамката и е вграден во копчето за вклучување. Уредот го напојува батерија со капацитет од 5000mAh, со поддршка за полнење од 18W. Телефонот го користи OriginOS 1.0 базиран на Android 11.

Цената на Vivo Y53s 5G моделот во Кина изнесува околу 280 долари за варијантата со 8 GB / 128 GB и околу 310 долари за верзијата со двојно повеќе простор за складирање.