Vivo има намера да претстави нов смартфон во април, а сега е познато како ќе изгледа и какви спецификации ќе има.
Станува збор за моделот Vivo X Note кој доаѓа со екран од 7 инчи, а всушност е E5 AMOLED панел на Samsung со QHD+ резолуција.
Информациите велат дека ќе се напојува со Snapdragon 8 Gen 1 процесор, што не е изненадување. Vivo ќе го имплементира својот 3D ултразвучен сензор за отпечатоци, што беше иновативно решение кај iQOO 8 Pro моделот.
Познато е дека уредот ќе има 12 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија, но ќе има и поприфатлива верзија со 256 GB внатрешна меморија.
Одзади ќе биде сместена главната камера од 50 MP, а се работи за S5KGN1 сензорот на Samsung, кој го користат Vivo X70 Pro + и Google Pixel 6 Pro и креира фантастични фотографии.
Уредот ќе го напојува батерија од 5.000 mAh која поддржува брзо полнење од 80 W.
Vivo X Note ќе се појави на кинескиот пазар во април, а љубителите на брендот се надеваат дека ќе биде достапен и пошироко.
Поврзани артикли