Tesla денеска ја отвора својата нова фабрика за електрични автомобили во околината на Берлин. На свеченоста, Елон Маск се очекува да им ги предаде првите возила „Модел ипсилон“ на нарачателите.
Се очекува на настанот да присуствуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц и министерот за економија, Роберт Хабек. Таканаречената Gigafactory, сместена во руралната покраина Бранденбург, во којашто се наоѓа главниот град на Германија, е првиот погон за електромобили на Tesla во Европа.
Од компанијата се надеваа дека ќе почнат со производство минатото лето, но процесот на одобрување од државата се одолжи, делумно и зашто фирмата одлучи да додаде и фабрика за батерии на тоа место, и таа е сè уште во изградба.
Поврзани артикли