Американската фармацевтска компанија „Модерна“ соопштила дека ја започнала втората фаза од тестрањето на двовалентната вакцина во САД која ја вклучува нивната вакцина против Ковид-19 и потенцијалната вакцина против омикрон варијантата на коронавирусот.
Вакцината на „Модерна“ против омикрон сојот ќе биде наменета за оние кои се постари од 18 години, примарно вакцинирани и доколку примиле доза пред повеќе од 3 месеци.
Со новата двовалентна вакцина бил вакциниран првиот учесник во втората фаза на испитувањата, а се очекува дека истата ќе вклучи околу 375 учесници на 20 места за тестирање во САД, соопштиле од фармацевтската компанија.
„Задоволство ни е што го започнавме ова испитување на нашата двовалентна вакцина за ревакцинација, која ја вклучува нашата потенцијална вакцина против омикрон сојот и нашата вакцина против вирусот Ковид-19“, изјавил генералниот директор на „Модерна“, Стефан Банцел.
Тој тврди дека нивната платформа, основана на mRNA технологијата овозможува брзина и флексибилност во развојот на вакцината приспособена на новите варијанти на вирусот.
Во „Модерна“ очекуваат нивната вакцина да биде подготвена за следната сезона за вакцинација.
Истата би се примала во една доза и наменета ќе биде за постари лица од 18 години кои се примарно вакцинирани и примиле доза пред повеќе од три месеци.
Поврзани артикли