Тројца руски космонаути денеска со ракетата „Сојуз“ полетаа кон Меѓународната вселенска станица, во момент кога меѓу Русија и западните земји постои екстремна тензија поради конфликтот во Украина.

Екипажот, предводен од искусниот космонаут Олег Артемиев, придружуван од Денис Матвеев и Сергеј Корсаков, полета кон Станицата, каде што ќе пристигне по три часови лет.

Космонаутите ќе бидат пречекани од тим составен од двајца Руси, четворица Американци и еден Германец, според снимките објавени од NASA.