Археолозите во една шума во Германија нашле необичен предмет од времето на Советскиот Сојуз.

Утврдено било дека станува збор за радио од брендот „Swift“ R-394KM, наменето за шпионирање, а најдено било во близина на градот Келн, на територијата на некогашна Западна Германија.

На овој необичен предмет археолозите наишле додека ископувале остатоци од римска вила.

Ова пронаоѓалиште е сместено на околу 10 километри од воената база во која Американците своевремено чувале нуклеарно оружје.

Командите на радиото се на англиски јазик, а истото е направено во 1987-та година и се смета дека било закопано пред обединувањето на Германија.

Радиото е пронајдено во месец август минатат година, откако биле отстранети дрвјата за истото да може да биде извадено.

Археологот Ерик Класен изјавил дека радиото е навистина сочувано.

„Сè што имаше во кутијата беше внимателно замотано во хартија. Беше во фабричко пакување. Мислам дека би работело доколку во него се стават нови батерии“ – изјавил тој.

Радиото е изложено во музејот во Бон.

Извор: Srbija Danas