Во текот на јануари е поставен нов 5G рекорд за смартфони, кога мобилната мрежа од петтата генерација беше дел од повеќе од половина од сите продадени телефони за прв пат.

Значаен придонес за ова достигнување имаше iPhone 13 серијата, која сочинуваше повеќе од една третина од вкупната продажба на сите 5G телефони. Samsung, кој беше следниот најблизок бренд, учествуваше со 12 проценти од 5G продажбата. Следуваат Xiaomi и Vivo со 11 проценти и Oppo со 10 проценти.

Уделот на Apple на 5G пазарот се очекува дополнително да се зголеми благодарение на неодамнешната објава на iPhone SE моделот, кој доаѓа со 5G можности.

По почетна цена од 429 долари, iPhone SE (2022) ќе обезбеди поддршка за 5G на поширока група корисници, посебно откако Apple ја истакна функцијата во текот на објавувањето на телефонот.