Новата инвестиција на HTEC Group поддржана од Владата има за цел да ја направи нашата држава еден од главните развојни центи во Европа
Денеска во Скопје HTEC Group, најбрзо растечката ИТ компанија во Југоисточна Европа, ги отвори новите канцеларии на центарот за развој на технологии. Македонскиот технолошко-развоен центар на оваа компанија, кој се наоѓа во TCC Grand Plaza, во моментов брои 68 вработени, а целта е во наредните години бројот на вработени да се зголеми на 300 инженери, дизајнери и експерти од ИТ индустријата.
Главниот оперативен директор на HTEC Group – Дејвид Шох на средбата со новинарите се осврна на брзиот развој на македонскиот центар на оваа компанија.
„Настојуваме во сите земји од регионот, во кои работиме, да ги поврземе единствените професионални и креативни потенцијали со најинтересните инженерски предизвици на светско ниво. Нашите вработени имаат можност да се градат себеси како професионалци, да напредуваат во своите сфери на интерес, а воедно да останат во својот град, блиску до своето семејство и пријателите. Се стремиме интелектуалниот капитал да остане во матичната држава. Особено ни е значајна поддршката од Владата како и генерално олеснувањата за ИТ секторот ,“ изјави Шох.
Менаџерот за инженерство и испорака во HTEC Group, Васко Дреноски истакна дека македонските тимови имаат можност да работат со најголемите светски компании на сложени и иновативни проекти кои се вистински предизвик за секој ИТ инженер.
„Етаблирани сме како место каде светските гиганти од ИТ индустријата доаѓаат кога им треба брзо, стабилно и одржливо решение. Истовремено, подготвени сме да работиме на креирање производи – од скица до реализација, како и да ги поврземе нашите најискусни експерти со некои од најголемите светски компании. “, рече Дреновски.
Марко Здравковски, менаџер за инженерство во HTEC Group, ги посочи програмите за образование и менторство како значајна карактеристика на корпоративната култура на HTEC.
„Нашата пракса е постојано инвестирање во уникатни програми за кариерен и професионален развој на инженери од сите ИТ профили, како и едукација на останатите профили на вработени во нашата компанија. Им овозможуваме на сите вработени да имаат шанса да работат на врвни проекти, но она што е најважно е фактот што се стремиме кадарот и професионалците да останат да работат во својата татковина. Истовремено, во Скопје ја започнуваме HTEC – Програмата за развој на млади, совршено моделиран курс за професионален и кариерен развој кој користи симулација на проекти од реалниот свет како средство за обука и учење. Оваа програма за развој е со полно работно време – нудиме месечна плата во текот на трите месеци додека трае обуката. На учесниците кои успешно ќе ја завршат оваа програма ќе им понудиме редовен работен однос во HTEC Group со конкурентна плата во индустријата. “, истакна Здравковски.
Имајќи ги предвид можностите за постојана едукација и професионален развој, како и можноста за работа на глобални иновативни проекти, HTEC Group центарот за развој на технологии во Скопје е одлично работно место за сите ИТ инженери кои се жедни за предизвик.
HTEC Group е компанија со седиште во Сан Франциско (САД), со регионални канцеларии во САД, Англија, Шведска и Холандија, како и развојни центри во Србија, Словенија, Северна Македонија, Унгарија, Романија и Босна и Херцеговина. Преку партнерства со водечките светски истражувачки организации и глобални корпорации, како и со некои од најиновативните стартапи, HTEC развива производи што ги користат милиони луѓе ширум светот.
Поврзани артикли