Microsoft објави дека игрите на Windows сега можат да се испорачуваат со DirectStorage.
DirectStorage претставува технологија за брзо вчитување на игри, која ја разви Microsoft, а објавена е со Xbox Series X и S конзолите. Во септември 2020 година, Microsoft објави дека ќе го овозможи DirectStorage API за Windows, што ќе им овозможи на PC игрите да ги искористат предностите на технологијата.
Се истакнува дека DirectStorage ги користи модерните NVMe SSD дискови , кои можат да испорачаат неколку гигабајти во секунда, со цел игрите да се вчитуваат побрзо од порано.
Microsoft објави програмерска верзија на технологијата кон средината на 2021 година, но моментно се уште нема достапни игри со DirectStorage. Една од првите игри што ќе ја користи технологијата е Forspoken, а Square Enix ќе ја објави во октомври за Windows и PS5.
Microsoft ќе го претстави и демонстрира DirectStorage во текот на GDC настанот кон крајот на март, кога ќе видиме и како функционира во играта Forspoken.