Intel конечно го откри датумот на објава на својата Arc графичката карта од првата генерација, како и информации за перформансите на графичкиот процесор.
Новите производи ќе бидат претставени во текот на настанот „A New Stage of the Game“. Компанијата претходно истакна дека Arc најпрвин пристигнува на мобилните уреди, а потоа и на десктоп системите во текот на вториот квартал од оваа година.
Првата графичка карта која ќе се појави на пазарот, ќе го носи името Arc A370M. Кога станува збор за перформансите, споменатиот GPU нуди двојно повеќе фрејмови во споредба со премиум 96 EU Xe интегрираниот графички процесор, кој се наоѓа во рамките на 12-та генерација на Alder Lake Core i7-1280.
Ако ве интересира што значи ова конкретно, се очекува дека Arc A370M ќе биде 96EU Arc Alchemist од долниот сегмент. Исто така, ова значи дека Arc A370M е двојно побрз од најбрзата интегрирана графичка картичка на Intel достапна во моментов.
Ова дополнително укажува на тоа дека идните производи од A500 и A700 серијата ќе бидат уште побрзи кога ќе се појават на пазарот.