Дизајнерот Бен Гескин објави своите рендери на Samsung Galaxy S10. Фотографиите на идниот предводник на јужнокорејската компанија, кој ќе го видиме на почетокот на следната година, се базирани на познатите информации до моментов за уредот и покажуваат како најверојатно ќе изгледа очекуваниот јубилеен модел од S-серијата.

На рендерите гледаме телефон кој е речиси без рамка, а споредбата со актуелните модели Galaxy S9 и iPhone XS Max покажува како Samsung би можел да се истакне од директната конкуренција и да покаже иновативност во дизајнот. Според Бен Гескин, Samsung ќе користi вградена камера, отстранувајќи ја потребата за „сечење“ на екранот, што иритира многу корисници. Секако, треба да имаме на ум дека овие рендери не се официјално објавени од Samsung и крајниот изглед на Galaxy S10 може да се разликува значително
од прикажаното.

Сепак, според нас тие даваат доста добра насока за идеите на дизајнерите на корејскиот гигант и не е исклучено да се блиску до она што ќе го видиме како производ по неколку месеци.