Планетата Венера ја нарекуваат и „злобната сестра на Земјата“, а многумина во минатото предлагале колонизација и создавање на нов дом за луѓето, но сепак имаме уште многу да дознаеме за неа.
Само едно специјално вселенско летало моментално ја проучува Венера, а последниот роботизиран посетител на Венера што ѝ припаѓаше на американската вселенска агенција NASA беше Magellan. Оваа мисија беше завршена во 1994 година, но работите наскоро ќе се променат.
NASA и Европската вселенска агенција (ESA/ЕСА) најавија мисии на Венера. Ова не е нова вест, но атмосферата полека се загрева и научниците почнаа да ги слават на овогодинешната конференција на LPSC за Месечевата и планетарна наука.
Мисиите на NASA се наречени VERITAS и DAVINCI, а на ESA ќе се вика EnVision. Лансирањето на VERITAS се очекува во 2027 година со цел да се проучува површината на Венера од крајот на мисијата Magellan. Исто така, ќе се собираат податоци за составот на карпите, геолошката активност и јадрото на планетата. VERITAS го вклучува и спектрометарот Venus Emissivity Mapper, кој ќе биде комплетиран со „близнакот“ од мисијата EnVision. Оваа мисија ќе биде лансирана во 2030-тите.
Мисијата DAVINCI е планирана за 2030 година и ќе се фокусира на атмосферата на Венера. Ќе се состои од големо вселенско летало и атмосферска сонда.
Извор: Klix.ba