Нова „функција“ во оперативниот систем Windows 11 ја откри „инсајдер“ кој сподели скриншот од реклама што се појавила во File Explorer.
Microsoft започна со тестирање на промоции за некои од своите други производи во апликацијата File Explorer, на уреди што ја користат најновата верзија на Windows 11 Insider.
Windows Insider е програма за тестирање софтвер со отворен код на Microsoft која им овозможува на корисниците со валидна лиценца за Windows 11, Windows 10 или Windows Server да се регистрираат и да тестираат верзии на Windows кои сè уште не се достапни за пошироката јавност. Ова претходно беше достапно само за програмери кои работеа на тој софтвер.
Some people will go mad if Microsoft starts adding ads in explorer. pic.twitter.com/rusnyrYyX2
— Florian (@flobo09) March 12, 2022
Еден од овие „инсајдери“ ја открил новата „функција“ на Windows 11 и сподели скриншот од реклама што се појавила во File Explorer.
Извор: Тelegraf.rs
Поврзани артикли