Како што потврдува Geekebench платформата за бенчмарк, најновиот iPhone SE (2022) модел доаѓа со 4GB RAM.
Се работи за иста количина на меморија што ја имаат iPhone 13 и 13 mini, и сите овие модели го користат истиот A15 Bionic чипсет.
Годинашниот iPhone има 33 проценти повеќе RAM меморија во споредба со претходниот iPhone SE од 2020 година, кој имаше 3GB меморија.
Geekbench покажува дека резултатите постигнати од SE (2022), се во согласност со iPhone 13 серијата на полето на еднојадрени тестови (1695 поени), а се нешто пониски од премиум моделите на iPhone во сегментот со повеќе јадра (4021 поени).
Дополнително, Geekbench покажува дека подостапниот iPhone од самиот почеток ја користи најновата верзија на iOS 15.4 софтверот.