WhatsApp наводно воведува новитет. Се работи за ажурирање коешто ќе може да го ограничи тоа колкупати корисникот ќе може да препрати порака.
Податокот прв го објави порталот WABetaInfo, кој успешно предвиде неколку претходни новости на WhatsApp. Според наводите, корисникот со новата опција, ако сака да го препрати текстот на втор или трет „чет“-разговор, ќе мора да го избере и повторно да го проследи, односно тоа би одело малку побавно.
Ова не е првпат апликацијата да го отежнува проследувањето на содржините – во обид да се искоренат или намалат тн. „спам“-измами на интернет. „Штом пораката е означена како препратена, веќе нема да може да се препраќа на повеќе од еден разговор истовремено“, се вели во написот.
Новото ограничување во овој момент се однесува само на бета-тестерите и набрзо ќе биде достапно за сите.