Компанијата SpaceX лансираше нова група од 48 сателити од интернет мрежата Starlink иако американската вселенска агенција NASA предупреди дека би можела да ја загрози можноста на научната заедница да открие катастрофален астероид кој евентуално би се движел кон Земјата.
SpaceX ги лансираше новите сателити со помош на ракетата Falcon 9 која полета од Флорида. Минатиот месец NASA испрати писмо до Федералната комисија за комуникација во која детално наведе зошто се противи SpaceX да испрати повеќе од 30.000 Starlink сателити во орбитата.
Во писмото научниците на NASA истакнаа дека „зголемувањето на оваа магнитуда носи дополнителен ризик од судири на други тела со Земјата. Агенцијата предупреди дека сателитите ќе имаат негативно влијание на можноста за откривање и можно пренасочување на потенцијално катастрофален удар.
И покрај загриженоста на NASA, SpaceX и понатаму со полна пареа ги реализира своите Starlink планови, а компанијата има и дополнителна поддршка од јавноста поради помагање на цивилите во Украина.
SpaceX неодамна насочи дел од Starlink флотата за да им овозможи на Украинците пристап без комуникациска инфраструктура.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли