Гејмерскиот смартфон Nubia RedMagic 7 се најде на тестот за издржливост на YouTube каналот JerryRigEverything.

Зак Нелсон од каналот JerryRigEverything, реши да подложи уште еден гејмерски телефон со неговиот уникатен тест за издржливост. Овојпат, моделот Nubia RedMagic 7 беше цел на палење на екранот, гребење и виткање.

RedMagic 7 се одликува со најновиот чипсет Snapdragon 8 Gen 1, како и LED осветлување, вентилатор од 20.000 вртежи во минута и други карактеристики. Сепак, се чини дека овој модел е малку поиздржлив од некои од минатогодишните гејмерски телефони.

На каналот JerryRigEverything, годинава веќе видовме едно уништување на телефонот со свиткување со раце (OnePlus 10 Pro), но Nubia RedMagic 7 нема да се приклучи на оваа листа.

Ниту тестот за палење, ниту гребењето, ниту свиткувањето со раце не покажуваат никакви абнормалности на телефонот Nubia RedMagic 7. Уредот има метална изработка, додека AMOLED дисплејот има Gorilla Glass Melange заштита.

Извор: B92.net