Претстојниот флегшип смартфон на Vivo, кој ќе се вика X Fold е предмет на нови гласини. Доверливиот дојавувач DSC ги објави шемите за претстојниот уред на преклоп, откривајќи камера со отвор на капакот и четирикратна камера со перископ леќа на задната страна.
Исто така откри и дека хардверот на телефонот ќе биде „апсолутно врвен“, што значи дека треба да се очекува Snapdragon 8 Gen 1 чипсет, OLED екрани од двете страни и главна камера со стабилизација базирана на гимбал системот.
Vivo X Fold ќе ја прифати формата на Samsung Galaxy Z Fold, Xiaomi Mi Mix Fold, Oppo Find N и Huawei Mate X2. Уредот ќе се преклопува хоризонтално со главниот екран навнатре и ќе има висок, тесен надворешен дисплеј.
Поставката на камерата потсетува на дизајнот на Vivo X70 Pro+, како и на iQOO 9 линијата – голем правоаголен остров, чија лева страна е окупирана од камери, додека десната е тука само од естетски причини.
Поврзани артикли