Xiaomi 12 и Xiaomi 12 Pro во декември минатата година беа официјализирани на кинескиот пазар, а според последните извештаи, тие конечно ќе пристигнат на светските пазари подоцна во март.

Додека чекаме да се случи тоа, се појавија нови гласини кои укажуваат на цените на двата телефони на европските пазари. Според овие наводи, стандардниот Xiaomi 12 ќе има почетна цена од 899 евра, додека стартната цена на моделот Xiaomi 12 Pro ќе изнесува 1099 евра.

Бидејќи се работи за цените за основните модели, оние кои сакаат повеќе меморија и простор за складирање ќе треба да платат повеќе.

Интересно, според овие податоци, почетната цена на основниот модел Xiaomi 12 е за 50 евра повисока од цената на Samsung Galaxy S22, додека Xiaomi 12 Pro е за 50 евра поскап од Galaxy S22+ моделот.

Доколку овие информации се точни, тоа во голема мера укажува на промена на стратегијата на кинеската компанија и фокусирање на премиум пазарот преку главната линија телефони. Тоа значи и дека на средниот сегмент во иднина ќе се цели преку Redmi и Poco линиите.