Овие два паметни телефони на Samsung се многу слични по спецификациите, но се разликуваат според изгледот. Двата смартфона имаат 6,6-инчни 1080p екрани, како и главни камери од 50MP, ултрашироки камери од 8MP и сензори за длабочина од 2MP.
Galaxy M33 има поголема батерија од 6.000 mAh, дополнителна макро камера од 2 MP и повеќе RAM – од 6GB до 8GB. Samsung сè уште не ги објави сите детали – засега знаеме дека Galaxy M33 има чипсет со осум јадра. Физички, Galaxy M33 има димензии 165,4 x 76,9 x 9,4 мм и тежи 215 g.
Компанијата сè уште не ја откри цената или конкретните датуми на лансирање, како и пазарите за Galaxy M33, но познато е дека тој ќе дојде и во Европа.
Galaxy M23 има помала батерија од 5.000 mAh и нема макро камера од 2 MP. Се испорачува во една конфигурација од 4/128 GB.
Го има истиот TFT екран од 6,6 инчи, но е генерално полесен со 198 грама и е малку потенок. Samsung не ги прецизираше цената и деталите за испорака на Galaxy M23, но очекуваме тој да пристигне и во Европа.
Galaxy M22 и M32 имаа 6,4-инчни Super AMOLED екрани од 90 Hz со резолуција од 720p и 1080p, но веројатно поради цената, тоа не е случај кај овие два модела.
Двата доаѓаат со преинсталирани Android 12.0 и One UI 4.1. Повеќе детали погледнете на веб-страниците на Samsung за овие два телефони тука: M23 / M33
Поврзани артикли