Можеби е тешко да се поверува дека Huawei сè уште нема смартфон на пазарот со камера од 108 MP, тоа е навистина факт. Сепак, ова наскоро ќе биде променето.
Првиот паметен телефон на Huawei со 108 MP камера ќе стане Nova 9 SE. Наскоро се очекува да се најде на пазарот, а ќе биде достапен и во Европа. Според прогнозите, уредот ќе чини меѓу 250 и 280 евра.
Денес на пазарот има неколку камери од 108 MP кои чинат помалку од 300 евра, но дополнителната конкуренција е секогаш добра работа.
Huawei имаше проблеми со чиповите, особено со оние за 5G мрежата, така што нема да биде изненадување ако новиот 9 SE поддржува „само“ 4G. Ќе го покренува Snapdragon 665 процесор, што е изненадување бидејќи процесорот беше претставен уште на почетокот на 2019 година. Snapdragon 680 е понов 4G чип изработен во 6 nm процес, но веројатно би ја зголемил цената на телефонот.
Новиот 9 SE на Huawei ќе има 8 GB RAM и 128 GB простот за складирање, како и microSD слот. Ќе користи Android 11 со EMUI 12 интерфејс, а пристапот до Google Play услугите нема да биде од познати причини.
Што се однесува до камерите, на главната од 108 MP ќе и се придружи ултраширок од 8 MP, макро од 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Напред, селфи камера од 16 MP ќе биде поставена во перфорираниот исечок на екранот. За споредба, другите Nova 9 модели имаат 50+8+2+2 MP систем на камери и предна камера од 32 MP, додека Pro моделот има и ултраширока селфи камера.
Претстојниот уред ќе има прилично голем 6,78-инчен LCD екран со резолуција од 1080 x 2388 пиксели и формат 19,9:9, а се уште нема информации за стапката на освежување. Уредот ќе го напојува батерија од 4.000 mAh која поддржува брзо полнење, а во копчето ќе биде вграден сензор за отпечатоци од прсти за вклучување на уредот.
Се уште не е познат точниот датум на претставување на смартфонот, но сигурно е дека тој наскоро дефинитивно ќе пристигне во Европа.
Многумина ќе речат дека овој уред е речиси идентичен со Honor 50 SE, освен Dimensity 900 5G процесорот. Разликата е во слотот за microSD, а Honor 50 SE не е достапен во Европа.