Huawei P30 Pro беше избран за најдобар паметен телефон за 2019 година од Европската хардверска асоцијација. Фрагментот на Huawei беше рангиран на врвот во категоријата „Најдобар паметен телефон“ на овогодинешните награди на асоцијацијата.

Во текот на изборот за овогодинешните награди, над 100 искусни уредници на водечки технолошки медиуми од цела Европа ги тестираа номинираните уреди, а потоа гласаа за најдобрите на пазарот.

Нивниот избор на „Најдобар паметен телефон“ за 2019 година е Huawei P30 Pro, а минатогодишниот победник во категоријата беше неговиот претходник Huawei P20 Pro, потврдувајќи го уште еднаш развојот на глобалниот бренд.

Huawei P30 Pro доби огромно признание благодарение на многуте технолошки иновации, во кои се наоѓаат SuperSpectrum камеритесо сензор, висококвалитетните SuperZoom објективи и новата ToF (Time of Flight) камера, придружени со многу подобрени оптички и AI технологии за стабилизирање на сликата.

Уредниците кои учествуваа во изборот на најдобрите уреди за овогодинешните награди објавија околу 250.000 статии на технолошки теми во последните 10 години. Нивните огромни знаења од технологијата ги претворија наградите на Европската хардверска асоцијација во најомилените и најзначајните во однос на најважните уреди на глобалниот технолошки пазар.

Претставници на асоцијацијата го коментираа Huawei P30 Pro на следниов начин:

“Испраќаме најискрени поздрави до Huawei за победата во категоријата “Најдобар смартфон” на наградите на Европската хардверска асоцијација. Целосно заслужен успех на P30 Pro кој ја докажува својата позиција како најдобар смартфон на пазарот, поставувајќи нови стандарди во индустријата”.