Microsoft објави дека ќе ја прекине целата нова продажба на производи и услуги во Русија.
Во соопштението преку интернет, претседателот на Microsoft, Бред Смит напиша дека компанијата исто така запира многу аспекти на водење бизнис во Русија во согласност со владините одлуки за санкции.
Компанијата додаде дека, исто така, продолжува да нуди помош за сајбер безбедноста на Украина и дека неодамна помогнала да се одбрани земјата од сајбер напад насочен кон главниот радиодифузер на Украина.
„Тимот за сајбер безбедност на Microsoft помогна да се одговори на сајбер напади насочени кон повеќе од 20 украински владини, ИТ и финансиски организации“, напиша претседателот.